Трагедија: Едно лице загина откако со возило излета од пат во кочанско








 Маж на возраст од 57 години од селото Стар Караорман загина вчера, откако со своето возило излета од коловозот.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на земјен пат што го поврзува локалниот пат село Оризари – село Пресека со маалото „Јовевци“ во селото Д. Пресека, во близина на местото наречено „Лозата“.

Неговото тело е предадено на обдукција.

Comments