Тамара Тодевска за бившиот: Среќна сум што и јас имам партнер со кој ми е убаво и го сакам и он има партнерка која што си ја сака

 

Тамара Тодеска со години наназад успешно опстојува на македонската музичка сцена, а ја претставуваше и нашата држава на Евровизија.

На приватен план Тамара од првиот брак со поранешниот кошаркар Александар Димитровски Мачка ги има двете деца, Хана и Дарен.

Во меѓувреме Тодеска има нова љубов и е во врска со Лука Радовиќ, додека бившиот Димитровски неодамна стапи во брак со Едина Муса со која чекаат дете.

„Фала му на Госпид, Александар и јас имаме одлична комуникација и секојдневно комуницираме во врска со децата што е за мене една многу природна, природен тек на настаните.

Така и треба да се функционира. Мислам Хана и Дарен ни се на прво место, некако ми е, ете сум среќа што и јас имам партнер со кој ми е убаво и го сакам и он има партнерка која што си ја сака со која што му е убаво. И кога сме ние среќни и децата се среќни

Comments